Гана се пласираше на Светското првенство

Гана е петата репрезентација од Африка која обезбеди учество на Мундијалот идната година во САД, Мексико и Канада. Гана триумфираше во последното коло против Коморските острови, и така го запечати првото место во групата.

Гана триумфираше благодарение на голот на Кудус во 47. минута и така го завери својот пласман на Светското првенство.

Покрај Гана, учество на Светското првенство од Африка обезбедија уште и селекциите на Алжир, Египет, Тунис и Мароко. На Мундијалот се уште и домаќините Канада, Мексико и САД, потоа Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Австралија, Јордан, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија и Парагвај. Од Европа досега нема никој обезбедено пласман на Мундијалот.

Се вчитува...