Гана е на добар пат да си обезбеди осминафинале на Светското првенство во Катар, откако во вториот натпревар во групата славеше со 3-2 против Јужна Кореја во повеќе од драматичен натпревар во кој африканскиот тим можеше и да си ја загрози победата.
Гана уште во 24. минута од средбата дојде до предност со голот на Салису.
Но, во второто полувреме Корејците се вратија на најдобар можен начин со два брзи гола за израмнување на 2-2. Чо Гу-Сунг со два погодоци, во 58. и во 61. минута донесе 2-2 за тимот од Азија.
Сепак, во 69. минута извонредниот 22-годишен Мохамед Кудус со својот втор гол на мечот носи повторно предност од 3-2 за Гана., за конечна победа.
Во третото коло во групата, Гана ќе го очекува клучниот меч со Уругвај за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Во првиот натпревар на шампионатот, Гана загуби од Португалија со 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА