Ганецот Исах Кука донесе победа за Шкупи на тестот против Башкими

Фудбалерите на Шкупи ја искористија репрезентативната пауза за пријателски натпревар против второлигашот Башкими во Куманово.

Чаирскиот прволигаш на крај триумфираше минимално со 0-1 против кумановци со погодокот на напаѓачот од Гана, Исах Кука во 65. минута од натпреварот.

Се вчитува...