Гарабаја: Го победивме Пик Сегед заедно како тим

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во рамките од седмото коло во Лигата на шампионите, го победија составот на Пик Сегед со 25-24, и ја остварија втората победа во најелитното европско натпреварување сезонава, после триумфот над Загреб во Битола.

Тренерот на „пелистерци“ Рубен Гарабаја по натпреварот истакна дека тимскиот дух и спроведувањето на планот од страна на играчите заедно со публиката придонеле за овој триумф.

„Стартувавме со одлична одбрана во првото полувреме, потоа тие сменија и играа 7 на 6 и тоа не беше добро за нас. Нашиот голман беше исто така супер во првиот дел. Во вториот дел се боревме, имавме и подеми и падови. Но на крајот го победивме Пик Сегед заедно како тим. Ме радува тоа што секој играч ја разбира неговата улога, и секој играч беше важен за овој натпревар. Многу се тешки ваквите натпревари, но и публиката во моменти не креваше во тешките моменти, како што беше случајот со Павле Атанасијевиќ кого морам да го пофалам, играше многу добро и сакам да му честитам, и не му беше лесно денеска. Сите играа според планот, и тој план функционираше. Ова беше многу важна победа за нас“, изјави Гарабаја.

Се вчитува...