Гарабаја: Голманите ни ја донесоа победата во Битола, вечерва тоа не беше случај

Пелистер одигра далеку под своите можности и загуби убедливо на гостувањето против Пик Сегед, а тренерот Рубен Гарабаја не го криеше разочарувањето што неговиот тим одигра далеку послабо во однос на минатонеделниот дуел со истиот ривал.

Шпанскиот стратег избра и неколку „точки“ кои според него беа клучни за убедливиот пораз на овој натпревар.

„Минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните и ни ја донесоа победата, но такво нешто не успеавме да повториме. Нашата одбрана беше послаба. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во акциите „два на два“. Не успеавме да го неутрализираме ниту Лазар Кукиќ, овие беа клучните работи кои ни донесоа успех минатата недела“, изјави Гарабаја.

Следен предизвик за „пелистерци“ во ЛШ ќе биде домашниот меч со германскиот гигант Магдебург, меч закажан за 26 ноември во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Се вчитува...