Гарабаја: Горд сум на момците затоа што го оставија последниот атом на терен, тоа треба да е наша ДНК

Ракометарите на Пелистер одиграа одличен натпревар против ПСЖ, потклекнувајќи во последните пет минути од мечот кога Французите со очигледна помош и на судиите направија разлика и триумфираа на крај дури и со убедливи 33-27, ако на седум минути пред крајот беше 27-27.

Сепак, тренерот на „пелистерци“, Рубен Гарабаја е задоволен од прикажаното на своите избраници.

„Во соблекувалната по мечот видов лути и тажни лица. Затоа сум горд на овие момци и овој тим. Тие веруваа во чудо и знаеја дека можат, затоа сме горди. Но, се ова оставаме зад нас и се насочуваме кон следниот предизвик. Никогаш нема да ја загубиме надежта на секој меч, тоа треба да биде нашата ДНК, секогаш да веруваме во нас. Го докажавме тоа и на овој меч“ – истакна Гарабаја по синоќешниот меч во Париз.

Сега битолчани се враќаат на обврските во домашната Суперлига со неделното дерби со Алкалоид во Автокоманда, а следниот меч во ЛШ е на домашен терен на 24 септември против дански ГОГ Гудме.

Се вчитува...