Гарабаја: Многу ми говореа за атмосферата во Битола, но…

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер славеше на домашен терен со 25-23 против хрватскиот првак ППД Загреб во премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.

Тренерот на „пелистерци“ Рубен Аренас Гарабаја по мечот изјави дека иако многу му зборувале за атмосферата во Битола не бил свесен се додека не ја почувствувал.

„Многу луѓе ми зборуваа за атмосферата тука, ама додека не ја почувствуваш лично – не знаеш каква е магијата во оваа сала. Многу е лесно да се игра тука со ваква поддршка. Не требаше да бидеме во таква позиција на крајот од средбата. Многу е важно да победуваме во натпреварите кои се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да напредуваме и фокусирани сме на тоа. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар, следен е ПСЖ, но секогаш мора да уживаме и во победата. Вечерва уживаме, ама веќе од утре се фокусираме на дуелот во Париз. Имаме натпревар од домашното првенство, а и таму секој е важен и мора да ја исполниме задачата“, изјави Гарабаја.

Се вчитува...