Гарабаја: Не очекува тежок натпревар во Загреб

Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер утре ќе му гостува на ППД Загреб во Хрватска во натпревар од 10. коло во Лигата на шампионите кој многу лесно може да одлучи за тоа кој ќе замине во нокаут фазата во елитата.

Тренерот на битолчани, Рубен Гарабаја пред мечот вели дека е свесен дека ги чека тежок меч во Загреб.

„Имаат голема мотивација откако добија нов тренер. Одиграа одлично во Сегед, цврст тим се, не се откажуваат никогаш. Ќе биде тежок меч, и тие се надеваат на победа против нас. Имаме тежок распоред сега, за разлика од некои полесни мечеви минатиот период. Времето е кратко, но се подготвуваме најдобро што можеме. Следуваат важни натпревари и сакаме да се претставиме во посакуваното светло. Играме и во првенството и во Лигата на шампионите, но не смееме да се жалиме. Ќе имаме кратка пауза пред дуелот со Загреб, го знаеме тоа. Сепак, ќе одиме да одиграме квалитетно и се надеваме на победа“, изјави Гарабаја. 

Се вчитува...