Гарабаја: Очекував многу повеќе од тоа што беше прикажано на терен

Македонскиот шампион Е. Пелистер не успеа да дојде до посакуваната победа против дански ГОГ Гудме во 3. коло од Лигата на шампионите. Битолчани загубија на домашен терен со 28-31, не успевајќи да ја реализираат зацртаната цел.

Разочарувањето од поразот по мечот не го криеше и тренерот на Пелистер, Рубен Гарабаја кој нагласи дека очекувал многу повеќе од она што беше прикажано на теренот.

„Почнавме со натпреварот многу добро, реализирајќи ги тактичките замисли на почетокот и тоа функционираше навистина добро. Но, потоа тие ја променија играта во нападот, со акции „еден на еден“ и ние низ тие први моменти не можевме да се привикнеме на таквата промена на играта“ – истакна Гарабаја притоа дополнувајќи:

„Бевме многу лабави во одбраната, едноставно моравме посилно да се браниме… И кога го разбраа играчите тоа веќе беше доцна. Како и да е, нема назад, продолжуваме понатаму бидејќи имаме два тешки домашни меча“.

Се вчитува...