Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг пред првото гостување сезонава во Лигата на шампионите.
Пред утрешниот пат за Париз и дуелот со ПСЖ, тренерот Гарабаја потенцираше дека екипата е подготвена за дуелот со фаворитот, но пред се мора да се фокусира на самата себе ако сака успех.
„Мораме да се фокусираме на самите себеси, за да напредуваме секојдневно. Треба да се фокусираме на добрите страни на ПСЖ и да го дадеме најдоброто од себе. Да се обидеме да бидеме ефективни и ништо да не му биде лесно на ривалот. ПСЖ има супер-тим, со супер-ракометари и одличен тренер. Добро е што играме со нив на почетокот на сезоната, бидејќи секојдневно ќе напредуваат. Во Париз нема да ги имаме нашите навивачи, нашиот осми играч, но сигурно ќе ја почувствуваме нивната поддршка“ – вели Гарабаја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

