Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер е подготвен за европскиот почеток и првото коло од групниот сегмент на Лигата на шампионите. Утревечер во Битола гостува поранешниот европски првак Загреб.
Тренерот на битолчани Рубен Гарабаја пред мечот изјави дека Загреб е одличен тим, но неговите играчи мора да ја наметнат нивната игра.
„Имавме одлична претсезона и сега сите ракометари се спремни за Лигата на шампионите. Треба да го смениме мислите, го менуваме натпреварувањето и треба да знаеме каде сме во елитата. Загреб е компетитивен тим, играат одлична одбрана, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки. Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола. Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар“, изјави Гарабаја.
Натпреварот кој ќе се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

