Британски „Гардијан“ објави дека на градилиштата на стадионите за престојното Светско првенсто кое следната година ќе се одржи во Катар починале повеќе од 6.500 работници. На овие бројки медиумот се потпира на извори од Бангладеш, Индија, Непал и Шри Ланка, од каде и доаѓа ефтината работна сила.
Според нивните истражувања од 2011 до 2020 година починале 5927 градежници од овие земји, додека уште 824 починати работници доаѓаат од Пакистан. Според „Гардијан“, овие бројки се драстично поголеми бидејќи нема податоци од Кенија, Филипини и уште неколку држави од кои доаѓаат голем број на работници.
„Во Катар се наоѓаат вкупно два милиони работници кои доаѓаат од сиромашни азиски земји. На градилиштата на стадионите службено се починати 37, а останатите се на разни други проекти. Работниците живеат во нехумани услови, работат и по две смени дневно, а многу од нив извршиле самоубиство. Уништиле цели семејства, а многумина од нив не ни знаат како останале пред татко, маж или браќа“ – стои во текстот.
„Гардијан“ тврди дека работодавателите за околку 80 проценти од смртни случаи наведуваат дека станува збор за „природна смрт“, а бројни тели се најдени на градилиштата во полураспадната состојба, што укажува на тоа дека никој не ни прашал каде се работниците кога тие ќе се појават на работа.
Организацијата за Светското првенство која Катар ја доби во 2011 досега ја следат голем број на контроверзии, а објавени се и неколку истраги со сведоштва за купени гласови пред гласањето, за кои досега никој нема снесено одговорност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА