Гардинер го пропушта Светското првенство во Јуџин

Атлетичарот од Бахами, Стивен Гардинер објави дека ќе го пропушти Светското првенство во Јуџин поради повреда на тетивата. Гардинер во 2019 година го освои златниот медал во дисциплината на 400 метри на Светското првенство во Доха, а две години порано на СП во Лондон го освои третото место.

Шампионатот по пауза од три години поради панедмијата од коронавирусот ќе се одржи во периодот од 15. до 24. јули во Орегон.

„Место да облечам патики за трчање, советувано ми е да облечам чизми за одење поради воспаление на тетивите. За жал нема да бидам во Јуџин“, изјави Гардинер. 

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Steven Gardiner (@speedystevie)

Се вчитува...