Тоталниот колапс на Манчестер Јунајтед продолжи и по завршувањето на финалето во Билбао, откако Алехандро Гарначо гласно го истакна незадоволството што беше оставен на клупата за резерви против Тотенхем.
Аргентинецот ги одигра само последните дваесетина минути од финалето, откако Аморим изненади многумина со одлуката наместо него на лево крило да стартува со Мејсон Маунт, кој е играч за врска и никогаш не играл на таа позиција.
„Играв во секоја рунда од Лигата на Европа, му помогнав на тимот да стигне до финалето. Денеска играв само 20 минути, не можам да разберам зошто“, изјави Гарначо видно разочаран.
Аргентинскиот офанзивец и во текот на јануарскиот преоден рок беше поврзуван со заминување, Наполи и Атлетико испратија конкретни понуди, Гарначо остана на „Олд Трафорд“, но сега неговата иднина е повторно доведена во прашање.
„Не знам што ќе се случува. Сега само сакам да уживам во летото, пе ќе видиме што ќе донесе иднината“, истакна Аргентинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

