Крајот на репрезентативната пауза меѓу другото го одбележа и препукувањето меѓу Кристијано Роналдо и Ерик тен Хаг, откако португалскиот ас отворено го критикуаше стратегот на Јунајтед за покажување неамбициозност со изјавите дека неговиот тим не може да се бори за трофеи ниту во Премиер-лигата ниту во Лигата на Шампионите.
Приказната добива нова епизода отако Алехандро Гарначо ставил лајк на оваа порака на Кристијано, што веднаш било забележано од страна на Тен Хаг и неговите соработници.
Очекувано или не, аргентинскиот крилен офанзивец денеска не е стартер во првиот тим на Јунајтед на гостувањето против Саутемптон. Тен Хаг официјално тврди дека тоа нема врска со „лајкот“ на Гарначо и дека станува збор за одлука од тактичка природа, но знаејќи ја самобендисаноста на тренерот и начинот на кој тој влезе во конфликт со Санчо и водеше војна со овој фудбалер, нема да биде изненадување ако Аргентинецот биде санкциониран уште извесно време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА