Фудбалерите на Манчестер јунајтед во неверојатен натпревар со пресврт успеаја да слават со 3-2 на домашен терен против Астон Вила во меч од 19. коло во англиската Премиерлига.
Гостите до водство од 0-1 стигнаа во 21. минута со погодокот на Мекгин, додека само пет минути подоцна беше и 0-2 со погодокот на Дендонкер.
Алехандро Гарначо повторно покажа дека е веројатно најдобриот фудбалер на „црвените-ѓаволи“ сезонава откако во 59. минута успеа да намали на 1-2, а истиот фудбалер во 71. минута успеа да израмни на 2-2.
Целосен пресврт 3-2 донесе Расмус Хојлунд кој во 83. минута успеа да го постигне првиот погодок сезонава во Премиерлигата.
Manchester United [3] – 2 Aston Villa – Rasmus Hojlund 82′
byu/PSGCampus insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА