Гарначо почна да се пакува, летово си оди од Манчестер

Алехандро Гарначо во текот на јануарскиот преоден рок беше поврзуван со заминување од Манчестер јунајтед, Аргентинецот реши да остане до крајот на сезонава, но веќе станува многу извесно дека крилниот офанзивец ги минува последните месеци на „Олд Трафорд“.

Последните информации од „островот“ говорат дека агентите на Гарначо веќе преговараат со неколку заинтересирани клубови, а самиот Аргентинец ја ставил на продажба куќата во која живее со своето семејство. Тој минатиот април плати 3,8 милиони фунти за овој ексклузивен дом, една година подоцна истата куќа е ставена на продажба, при што Гарначо бара 3,85 миилиони фунти.

Таблоидот „Сан“ објави дека огласот намерно бил поставен подискретно, но истражувајќи било потврдено дека станува збор за куќата на Гарначо.

Манчестер Јунајтед бара најмалку 50 милиони фунти за Аргентинецот, за кого во јануарскиот преоден рок се интересираа Наполи и Атлетико Мадрид, а се најавува дека во трката летово ќе се вклучат и премиерлигашите Њукасл и Тотенхем.

Се вчитува...