Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаат негатива од 0-1 на домашен терен против Атлетик Билбао во полуфиналето од Лигата на Европа.
Иако по првиот меч „црвените-ѓаволи“ имаа предност од 3-0, сите дилеми околу патникот во финалето можеа да ги решат уште по првите 45 минути.
Сепак, Гарначо помогна тоа да не се случи. Младиот Аргентинец во финишот на првото полувреме имаше колосална шанса откако излезе сам еден на еден пред противничкиот голман. Гарначо не успеа да ја погоди мрежата на Агирезабала и биеше многу непрецизно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

