Гарсија: Македонија не е само Елмас, утре ќе играме против силен противник

Белгискиот национален тим вечерва има официјален тренинг на Националната Арена „Тодор Проески“, а пред него селекторот Руди Гарсија ги искажа своите очекувања од мечот со Македонија.

Тој рече дека сите играчи кои се допатувани, се во функција на тимот и ќе бидат подготвени, а го напомена и времето како можен фактор кој би влијаел на крајниот резултат.

„Знаеме дека некои играчи предвреме ја завршија сезона, некои пред три недели, некои тренираа и играа подолго, но сите кои се тука се подготвени да се стават на располагање. Времето може да биде проблематично, тука е топло и влажно, но затоа дојдовме еден ден порано за да се навикнеме“, рече Гарсија.

Запрашан за квалитетот на Елиф Елмас кого го тренираше во Наполи, Гарсија одговори:

„Не е само Елмас, има и други солидни играчи нашиот противник како Алиоски кого добро го познавам. Добро го знаеме составот на Македонија, има квалитетна екипа и очекуваме тежок натпревар. Нема да ги потцениме, тоа е селекција која прави притисок, ги користи сите грешки, и очекувам интересен натпревар. Секако, нашата цел е победа“, потенцираше Гарсија.

Каква Македонија очекувате утре во Скопје?

„Ние сме го анализираме противникот, знаеме дека ќе имаме работа со силна екипа, но за нас е малку специфично што играме откако сите одиграа натпревари. Знаеме дека ќе биде тешко, пред нас е сериозен предизвик, но подготвени сме да дадеме се од себе“, изјави Гарсија.

Се вчитува...