Новото засилување на МЗТ Скопје, Ерик Гарсија полека се навикнува на престојот во Скопје. Вели дека досега му се допаѓа од она што го посетил во метрополата и Македонија, мило му е што тренерите и новите соиграчи му помагаат да се адаптира. Американецот истакна дека Јадранската лига е доста квалитетна од она што можел да забележи, но исто така знае дека ќе биде тешко и во домашното првенство.
„Засега ми се допаѓа Скопје, барем од она што можев да видам. Сите тренери и соиграчи се добри со мене, и ми помагаат што побрзо да се адаптирам тука. Од кога пристигнав се чувствувам удобно тука, иако не знаев каде точно ќе дојдам да играм. Од неколку фотографии и информации од интернет добив првична слика за ова место, но сега кога сум тука уживам во секој момент. Се надевам дека ќе помогнам на тимот да стигне до нови успеси, а знам дека со добрата игра ќе можам и јас да напредувам како кошаркар. Можам да истакнам дека Јадранската лига е доста квалитетна и не очекуваат тешки дуели, но очекувам и конкурентна сезона и во домашното првенство“, изјави Гарсија, кој ќе ја има улогата на стартен плејмејкер во таборот на МЗТ Скопје во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА