Гарсија: Некогаш кога не можеш да победиш, подобро е да не загубиш

ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија по мечот беше видно разочаран од тоа што неговата селекција не дојде до победата во Гент против Македонија.

Меѓутоа селекторот на фаворитот во групата не е загрижен, поради тоа што, како што рече, има уште три меча до крајот на квалификациите, и само од нив зависи дали ќе обезбедат пласман на Мундијалот.

„Не можам ништо да им замерам на моите играчи, имавме многу шанси, многу удари кон нивниот гол, но голманот на Македонија беше многу добар и ги спаси. Кога не можеме да победиме, добро е да не изгубиме. Имаме натпревар во понеделник, и натаму сме во игра за пласман на Светско пренство. Направивме се да победиме, некогаш и кога доминирате, не можете да победите, тоа е фудбалот. Имаме и меч помалку од Македонија. Ако ги добиеме последните три натпревари, ќе бидеме први во групата“, рече Гарсија и додаде:

„И понатаму самите си ја кроиме судбината. Има уште три меча и зависиме од нас самите дали ќе се пласираме на Светското првенство“, вели Гарсија.

Се вчитува...