Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис одлучи да му даде втора шанса на тренерот Руди Гарсија и покрај лошиот старт на клубот од Неапол во Серија А.
Наполи минатата сезона ја освои титулата во Серија А, а клубот од Неапол по вториот пораз во италијанското првенство од Фиорентина (1-3) се наоѓа на петтото место на табелата со седум бодови помалку од првопласираниот Милан, a по мечот доби критики и поради тоа што не му дава шанса на нашиот Елиф Елмас.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гарсија бил на состанок со челниците на Наполи за сите да ја погледнат ситуацијата и проблемите кои се појавија на стартот од сезоната. Де Лаурентис смета дека францускиот стручњак е долгорочно решение на клупата на тимот од Неапол.
Наполи во следното коло од Серија А на 21. октомври ќе и гостува на Верона, а потоа ќе игра со Унион Берлин во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

