Гарсија по новиот пораз на Наполи: Не е проблем тактиката, менталитетот ни е лош

Наполи доживеа нов неуспех под водство на Руди Гарсија откако во 8. коло од Серија А претрпе шокантен пораз од 1-3 од Фиорентина, продлабочувајќи ја кризата во редовите на актуелниот шампион на Италија кој на отварањето на сезоната е само бледа слика од претходната сезона.

Со новиот пораз продолжија и критиките упатени кон Французинот на клупата на неаполитанците, а тој пак причината за поразот ја најде во одбраната и менталитетот, а не го тактиката.

„Чувствуваме горчина, фрустрација, ова е навистина лош резултат за нас. Најголем проблем за нас во овој момент се дефанзивните грешки. Првиот гол не смеевме да го примиме, потоа да дадовме гол, имавме шанса за 2-1, а потоа повторно лошо се браневме. Третиот гол го примивме бидејќи тргнавме сите во напад по израмнување. Не сме доволно агресивни во одбрана, се ви кажува статистиката која вели дека сме направиле само четири фаули.

Не сметам дека лошите резултатит се производ на тактички грешки, се работи за нашиот менталитет. Мора подобро да се браниме и да го читаме противникот. Мора да бидеме поагресивни и попаметни, да правиме фаули на средина на теренот, а не кога ќе дојдат во опасна ситуација“, изјави Гарсија.

Се вчитува...