Италијанскиот шампион Наполи одигра без победник 1-1 на домашен терен против бундеслигашот Унион Берлин во натпревар од 4. коло во Д групата од новата сезона во Лигата на шампионите.
Ангиса погоди за 1-0 во 30. минута од натпреварот, но поради фаул голот беше поништен по проверка со ВАР. Домаќините сепак стигнаа до водство девет минути подоцна со погодокот на Политано. Во вториот дел во 52. минута Фофана израмни на 1-1, што на крајот се покажа како конечен резултат. Елјиф Елмас повторно беше на клупата за резерви и не доби шанса и на овој дуел од тренерот Руди Гарсија.
Napoli 1 – [1] Union Berlin – David Datro Fofana 52’
byu/MarcoRuss insoccer
Во вториот натпревар од програмата од 18.45 часот Реал Сосиедад полесно од очекуваното славеше на домашен терен против португалска Бенфика со 3-1. Домаќините Сите дилеми околу победникот ги решија уште во првите 20 минути кога постигнаа три гола (Мерино, Ојарзабал, Баренечеа). Многу лесно по првиот дел можеше да биде и 4-0, но Мендез промаши пенал во 29. минута. Гостите во вториот дел преку Рафа Силва во 49. минута го постигнаа само почесниот погодок за конечни 3-1.
Real Sociedad 3-0 Benfica – Ander Barrenetxea 21′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА