Гарсија пресече: Голманот на Манчестер Јунајтед ќе гледа од трибини против Македонија

Белгискиот селектор Руди Гарсија имаше на располагање 26 фудбалери од стартот на подготовките, во официјалниот записник има место за 23 играчи, па кормиларот на „црвените ѓаволи“ имаше тешка задача да избере тројца фудбалери кои ќе го следат мечот со Македонија од трибините на стадионот во Гент.

Како што информираат белгиските медиуми, одлуката е донесена, па Гарсија за мечот со Македонија ги „избришал“ голманот Семе Ламенс, дефанзивецот Кони де Винтер и напаѓачот Чарлс де Кетеларе.

Ламенс минатиот викенд го имаше своето деби за Манчестер јунајтед, но не доби шанса ниту како резерва за мечот во Гент. Де Винтер е поранешен играч на Јуве кој сега е дел од Милан, Белгиецот ретко добива минутажа од Алегри, а Гарсија реши наместо него да го избере ветеранот Витсел.

Што се однесува до Де Кетеларе, асот на Аталанта влече незгодна повреда, па стручниот штаб не сака да ризикува со нејзино влошување, иако не се исклучува можноста овој напаѓач да се најде во тимот за вториот меч од октомврискиот прозорец. Нападот останува болна точка во ситуација кога е повреден и Лукаку, а последните информации од Белгија говорат дека Гарсија ќе му даде предност на Опенда од Јувентус пред Мичу Батшуаи.

Се вчитува...