Белгискиот селектор Руди Гарсија се уште е во дилема околу нападот на „црвените ѓаволи“ на петочниот дуел со Македонија, а последните информации говорат дека Гарсија е подготвен за изненадување на овој план.
За потсетување, Белгијците имаат сериозен проблем поради неиграњето на Лукаку, а главоболка плус е што и Де Кетеларе се мачеше со повреди во последните дваесетина дена во Аталанта, па прашање е колку екс-фудбалерот на Милан ќе има сили да биде стартер против Македонија.
Гарсија има само двајца класични напаѓачи во тимот, и тоа Луис Опеда и Мичу Батшуаи, кои ги греат клупите во Јувентус и во Ајнтрахт Франкфурт. Како што јавуваат белгиските медиуми, селекторот планира да му даде предност на Батшуаи, кој досега има одиграно 55 меча за националниот тим, притоа постигнувајќи 27 погодоци.
Тој воопшто не влезе во игра на септемвриските натпревари, далеку е од посакуваниот ритам, но Гарсија е подготвен да ризикува, свесен дека победата е императив против Македонија во Гент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

