Гарсија со поширок список: Белгија ќе „пука“ со сите „оружја“ во Скопје…

Белгискиот селектор Руди Гарсија го објави поширокиот список од 26 имиња кои ќе бидат во комбинација за настап на јунските квалификациски дуели со репрезентациите на Велс и на Македонија.

Белгијците речиси сигурно ќе допатуваат во Скопје со својот најсилен тим, откако Гарсија во списокот ги вклучи најзвучните имиња во таборот на „црвените ѓаволи“.

Тибо Куртоа повторно ќе биде на голот на белгискиот национален тим, со средниот ред ќе раководи Кевин де Бруине, додека во нападот главна фигура ќе биде Лукаку, со помош од Џереми Доку од Манчестер Сити и Леонардо Тросар од Арсенал.

Се вчитува...