ГАРСИЈА ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Белгија без својата ѕвезда против Македонија?!

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомври веројатно го игра и клучниот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026 година во  САД, Мексико и Канада.

Белгијците пред овој дуел се соочуваат со голем број проблеми. Откако веќе сигурно е дека до крајот на квалификациите тие ќе го немаат својот најдобар напаѓач, Ромелу Лукаку, а се поизвесно е дека отпаѓа и Томас Муние, Руди Гарсија се соочува со нови проблеми.

Еден од најдобрите среднисти во репрезентацијата на Белгија, Јури Тилеманс заработи повреда на последниот меч за својата Астон Вила во Премиерлигата.

Дополнителните прегледи покажаа дека се работи за повреда на листот, па како што информираат од тимот од Бирмингем, тој ќе мора да паузира околу еден месец. Натпреварот меѓу Белгија и Македонија е закажан за 10. октомври.

Се вчитува...