Младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров во пролетниот дел од сезоната ќе игра во редовите на Борац Чачак, како позајмен играч од Црвена Звезда.
Одлуката на „црвено-белите“ е 19-годишниот Гаштаров да има што поголема минутажа како начин за дополнителен фудбалски развој.
Гаштаров, кој има и осум настапи за младата репрезентација на Македонија, пред две години од Вардар се пресели во Црвена Звезда, каде играше и во младинската Лига на шампиони за младинскиот тим од Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

