Гаштаров со еврогол ја „побудале“ јавноста во Србија (ВИДЕО)

Македонскиот млад фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров (19) го одигра можеби и најубавиот меч во досегашната кариера во дресот на Црвена Звезда.

Во рамките на младинската лига на Србија, „црвено-белите“ го совладаа Ушче со 0-6, а токму нашиот интернационалец беше ѕвездата на натпреварот. Уште во 18. минута, по изведен корнер од десната страна, Гаштаров упати удар од речиси 25 метри и топката мајсотрски заврши во самиот горен агол на голот Ушче.

Овој прекрасен погодок е веќе вирален на социјалните мрежи, а навивачите на Црвена Звезда веднаш почнаа да го споредуваат со легендарните директни голови од корнер на Дејан Станковиќ и Синиша Михајловиќ.

Гаштаров, кој од летото 2024 е член на младинската екипа на српскиот гигант, оваа сезона е еден од најдобрите играчи. Тој е стандарден член и на македонската У-21 репрезентација, за која досега има одиграно 11 натпревари. Со овој „еврогол“, талентираниот дефанзивен играч за врска уште еднаш потсети зошто важи за еден од најперспективните македонски фудбалери на својата генерација.

Се вчитува...