Младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров на свои 18 години вчера дебитираше на официјален натпревар за сениорскиот тим на Црвена Звезда.
Гаштаров дебитираше во победата од 1-4 на српскиот шампион на гостувањето против Младост, не криејќи го сега задоволството што имаше можност да го облече дресот на еден од најдобрите клубови од Источна Европа.
„Чувството е неверојатно, сонував за ова како дете, а сега го доживеав. Благодарност до сите, особено до тренерскиот персонал, се надевам дека наскоро ќе добијам нови можности да ги докажам своите квалитети“ – вели Матеј Гаштаров по дебито за „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

