Гаскоњ е луд: Го ‘тепав’ лешот на татко ми, му купив 80 коли додека беше жив

Пол Гаскоњ, поранешната ѕвезда на Њукасл, Тотенхем, Лацио, Ренџерс и репрезентацијата на Англија е еден од најконтроверзните фудбалери во последните децении, а 53-годишникот повторно ја шокираше јавноста со своето признание.

Имено, во подкастот „The Anything Goes“, откри дека физички се изживувал на мртвото тело на татко му…

„Откако почина во болничкиот кревет останавме само јас и тој во собата. Скокнав на неговиот кревет и почнав да го удирам. Го удирав со глава, шаките, а по некое време се смирив, легнав покрај него и го гушкав околку 45 минути. Најмногу ми недостасува во саботите, но тој беше толку ладен према мене. Разговараше со сите, но не и со мене. Уживав да го водам со себе по светот. Сега се чувствувам добро, но знам дека често ќе мислам на него. Имам повеќе добри отколку лоши спомени. Сигурно му имам купено околу 80 коли и 18 бродови и куќи“ – изјави Гаскоњ.

 

 

Се вчитува...