Контроверзната ѕвезда на англискиот фудбал, Пол Гаскоњ е обвинет за сексуален напад. Точната формулација која ја објави англиската полиција е “сексуален напад со непристојно допирање“. За инцидентот кој се случил во август годинава во воз, Гаскоњ ќе треба да се појави на суд на 11 декември.
Се огласи и Гаскоњ кој ги отфрла обвинувањата и вели дека секогаш имал почит кон жените. Уште и објаснува дека полицијата дошла во неговиот дом, полицајците се сликале со него и му сугерирале дека не му е потребен адвокат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА