Гасли го продолжи договорот со Алфа Таури

Францускиот Формула 1 возач, Пјер Гасли го продолжи договорот со Алфа Таури до крајот на следната сезона, соопштија од тимот.

26-годишниот Французин во тимот од од 2017 година.

„Веќе пет години сум во овој тим и горд сум на се што поминавме и напредокот кој го направивме. Среќен сум што сум овде. Новите правила кои се воведени сезонава ни поставија нови предизвици“, изјави Гасли. 

Гасли по девет трки сезонава се наоѓа на 11. место во шампионатот со 16 освоени бода. Следната трка на програмата е на 3. јули на легендарната патека „Силверстоун“ во Велика Британија.

 

 

Се вчитува...