Гасли: Вечерата со Џордан ќе ја паметам цел живот

Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли изјави дека вечерата со најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан ќе ја памети цел живот.

Средбата на 26-годишниот возач со легендата на Чикаго Булс се случи во Мајами каде викендов ќе се вози премиерната трка во Формула 1 шампионатот.

„Не знаев дека е голем фан на Формула 1. Скоро па да го познава спортот подобро од мене. Неверојатно е да се разговара со таква легенда. Беше тоа неверојатна вечера која ќе ја паметам цел живот“, изјави Гасли. 

 

Се вчитува...