Гасол демантира дека се враќа во Барселона – „Ако има нешто јас прв ќе ве информирам за тоа“

Легендарниот Пау Гасол ги коментираше пишувањата на шпанските медиуми дека ќе се врати во дресот на каталонската Барселона. Гасол вели дека во моментов е фокусиран само на опоравувањето и дека доколку има нешто тој преку социјалните мрежи ќе ја информира јавноста.

„Откако ги слушнав вестите од Шпанија сакам да кажам дека во моментов сум само фокусиран на опоравување и дека се уште не сум подготвен да и се вратам на кошарката. Кога ќе имам нешто да објавам, тоа ќе го направам на социјалните мрежи“, напиша Гасол. 

 

 

Се вчитува...