Гасол наполни 38 години, но не ни помислува на пензија

Пау Гасол на 6 јули наполни 38 години, но шпанскиот кошаркар дефинитивно се чувствува „млад во срцето“, па не ни размислува за завшување на својата играчка кариера. Неговиот договор со Сан Антонио истекува во 2020 година, а Гасол размислува дури и за нов ангажман откако ќе стигне до 40-годишна возраст.

„Немам зошто да мислам за пензија, се уште чувствувам дека имам што да понудам кога сум на теренот. Тоа нема да се промени наскоро, можеби за две лета ќе размислам барем малку на оваа тема. Не сте свесни колку работам за да останам во ритам со се побрзата кошарка, да напредувам како што напредува нашиот спорт. Многу сум горд поради тоа и не планирам да застанам“ – порача Гасол.

Шпанскиот ветеран во НБА-кариерата ги има брането боите на Мемфис гризлис, ЛА лејкерс, Чикаго булс и на Сан Антонио спарс.

 

Се вчитува...