Гаспеирини флертува со „волчицата“: Рома е едно необично место, со извонредна публика

Џанпјеро Гасперини на крајот на сезоната заминува од Аталанта и се поверојатно е дека кариерата ќе ја продолжи во Рома од каде постои интерес тој да седне на „жешкото столче“ на „Олимпико“, но постои и интерес од самиот италијански стратег судејќи по неговата последна изјава.

Говорејќи за „РАИ Спорт“, 67-годишникот го пофали клубот велејќи дека предводењето на Рома е како предводење на национален тим.

„Рома? Кој не би сакал да биде тренер на Рома. Ова е одлично место, необично, со извонредна публика. Би било извор на гордост, но што ќе се случи е тешко да се предвиди. Рома е како националниот тим, сите ја сакаат“, изјави Гасперини.

Се вчитува...