Гасперини ја смирува тензијата во Аталанта: Лукман заслужува да биде капитен

Кавгата помеѓу тренерот на Аталанта, Џан-Пјеро Гасперини и фудбалерот на овој италијански клуб, Адемола Лукман одекна во светот на фудбалот кога по елиминацијата од Бриж во Лигата на Шампионите, искусниот стратег го оптужи Нигериецот за себичност по промашениот пенал.

Сепак се чини дека Гасперини подаде рака за смирување на пресконференцијата за медиуми по триумфот над Јувентус давајќи комплимент.

„Кога сте заедно со некој 300 денови годишно може да дојде до разлика во мислење. Лукман е фантастичен фудбалер, но стана искучителен кога почна да гледа на тимот од друга перспектива. Некогаш беше индивидуалец. Не беше лошо момче, но беше прилично себичен. Кога го корегираше својот пристап, Аталанта растеше покрај него. Сигурен сум дека може да биде капитен на тимот до крајот на сезоната“, изјави Гасперини.

Се вчитува...