Рома се повеќе губи здив во трката за скудетото откако „волчицата“ вечерва загуби од Аталанта со 1-0, четврти пораз на последните шест калчолигашки натпревари.
Гасперини за противник вечерва го имаше својот поранешен клуб, но искусниот стратег немаше одговор за фуриозниот старт на Аталанта и водечкиот погодок што го постигна Скалвини во 12. минута. Домаќините нешто подоцна постигнаа и втор гол преку Скамака, но тој беше поништен по долга ВАР-анализа.
Аталанта сепак успеа да го исконтролира мечот до самиот крај и да стигне до заслужена победа, со што тимот од Бергамо продолжува да фаќа приклучок кон горниот дел на табелата, искачувајќи се на осмата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

