Аталанта, која веќе 61 година го чека вториот трофеј во клупската историја, вечерва во Даблин го игра финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен.
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, пред финалето на Лига Европа изјави дека Баер Леверкузен е одличен тим, но дека неговиот тим има верба во себе.
„Свесни сме дека играме против голем тим. Знаеме дека се непоразени и имаа неверојатна сезона. Но, нашето патување беше исто така добро. Победивме добри тимови за да стигнеме до финалето. Имаме верба во себе. Во финалето на купот против Јувентус ни недостасуваше Скамака и среќен сум што сите наши напаѓачи ќе бидат на располагање“, изјави Гасперини.
Баер Леверкузен е непоразен по 51 натпревар оваа сезона, и ќе го бара вториот трофеј сезонава, откако ја освои првата титула во германската лига во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА