Тренерот на Аталанта, Џан-Пјеро Гасперини, најави дека ќе си замине од Аталанта, но не потенцираше дали тоа ќе биде на крајот од оваа или од следната сезона.
Договорот на искусниот тренер со тимот од Бергамо истекува на крајот од идната сезона, меѓутоа не е исклучено и по крајот на оваа, 67-годишниот Гасперини да се повлече.
„Се има свој почеток и крај. Решив да не го продолжам договорот, но и натаму не сум донел одлука дали ќе си заминам откако ќе ми заврши договорот, или после оваа сезона. Сепак, брзо ќе донесам одлука“, рече Гасперини.
Гасперини е тренер на Аталанта од 2016 година, и му донесе големи успеси на овој тим. Играше со него во Лигата на шампионите, а исто така минатата сезона го освои и трофејот во Лигата на Европа, откако во финалето го совлада Баер Леверкузен. Претходно работеше во Палермо, Џенова, Интер и Кротоне, како и во младинските селекции на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

