Искусниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини кажа дека не му се допадна примерот со Тиаго Мота, откако бил нападнат од медиумите за неговата работа.
Тренерот на тимот од Бергамо доби специјална награда на 33-тото доделување на „Златна клупа“, поради освојувањето на Лигата на Европа.
Гасперини зборуваше за критиките кои Тиаго Мота ги трпеше од медиумите пред неговата смена.
„Мислам за секој тренер, особено за оние кои се соочуваат со некои тешкотии. Кога тоа се случува, не е само професионално – често медиумите нè жигосуваат лично поради тоа. Не ми се допаѓа ова. Кога го велам ова, мислам конкретно на Тиаго Мота. Не е дека трофејот во Лигата на Европа ми промени нешто – победата како тренер ги прави играчите секој ден подобри“, рече Гасперини на доделувањето на наградите.
На крајот Мота беше разрешен од клупата, а на негово место поставен Игор Тудор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА