Џанпјеро Гасперини не го криеше разочарувањето откако со својата Аталанта не успеа да приреди изненадување во Супер-купот на Европа, губејќи од Реал Мадрид со 2-0.
Искусниот стручњак не можеше да смета на Скамака, Заниоло, Копмајнерс, Скалвини и Толои, но сепак достојно му се спротивстави на актуелниот европски шампион. Гасперини не крие дека жали за пропуштените шанси на почетокот од второто полувреме, при резултат 0-0…
„Бев оптимист дека можеме да му создадеме проблеми на Реал со нашиот стил на игра. Излезе дека сум во право, одигравме добро прво полувреме, но се се смени по нивниот прв гол. Мислам дека ние требаше да го дадеме првиот гол во второто полувреме. Онаа неверојатна одбрана на Куртоа по ударот на Пашалиќ, а потоа Лукман излезе во противничкиот шеснаесетник и многу чудно одлучи да не шутира со левата нога иако имаше отворен поглед за такво нешто. Штета што не дадовме ние први гол, тогаш се ќе беше поинаку. Сепак, честитки за Реал Мадрид и заслужената победа“, изјави Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА