Раководството на Рома продолжува да му ги исполнува желбите на Џанпјеро Гасперини. По шестте нови засилувања се очекува дел од клубот да стане и Јулио Енциско.
Парагваецот е дел од Брајтон од 2022 година, но последната сезона ја помина на позајмица во Ипсвич. Англискиот клуб не смета сериозно на неговите услуги па се очекува да даде зелено светло за трансфер во главниот град на Италија.
Овој трансфер ќе ја чини „волчицата“ 30 милиони евра со што би станал најскапата аквизиција ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

