Џан-Пјеро Гасперини по девет години поминати на клупата на Аталанта заминува од клубот и кариерата ќе ја продолжи во Рома, пренесуваат италијанските медиуми.
Гасперини направи голем успех со Аталанта, наметнувајќи го клубот од Бергамо како стабилен прволигаш кој постојано е во борба за висок пласман во Серија А. Минатата година го доживеа најголемиот успех освојувајќи ја Лига Европа и завршувајќи како вицешампион во Италија, а најлошата сезона ја имаше во 2021/22 година кога заврши на осмата позиција на табелата.
Италијанскиот стратег веќе даде дознаење дека нема намера да го продолжи договорот со Аталанта кој е со важност до крајот на сезоната во 2026 година па не се исклучува можноста и тој порано од предвиденото да замине од клубот.
Големи се шансите кариерата да ја продолжи во Рома како наследник на Калудио Раниери кој веќе имал разговор со помладиот колега за овој потег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

