Tренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини побара тимот да се засили во летниот преоден рок.
Џанпјеро Гасперини беше задоволен од настапот на Еван Фергусон во победата на Рома од 1-0 над Кајзерслаутерн, но повторно побара повеќе засилувања:
„Тоа е реалноста, да не бидеме лицемерни. Беше подготвителен натпревар, но изгледавме добро на теренот. Тимот веќе има свој идентитет, но сè може да се подобри, вклучително и физичката подготвеност. Направивме многу добри работи. Воведовме неколку млади играчи кон крајот, па во второто полувреме беше сосема поинаква игра. Сепак пак ќе кажам, потребни ни се засилувања“, изјави Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

