Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини потврди дека словенечкиот фудбалер Јосип Иличиќ повторно има проблеми со менталното здравје и не може да гарантира дека повторно ќе се врати во тимот.
„Нашите мозоци се како џунгла. Сето тоа е непредвидливо и деликатно“, рече Гасперини.
Најпрво се појави информација дека Словенецот има коронавирус, но потоа се воспостави дека одново има психички проблеми. Тоа ќе биде втор пат неговата кариера да биде загрозена поради овие проблеми, бидејќи тој беше блиску до пензионирање во 2020 година.
„Никогаш не ми е лесно да зборувам за оваа ситуација затоа што е лична. Само ќе кажам дека ја има нашата поддршка и секогаш ќе бидеме до него. Тоа се ситуации кои се пред фудбалот“, рече тренерот.
„Го знаеме многу години, имавме многу среќни моменти. Позитивна личност е, но тешко е на психијатрите да видат што се случува, а не пак ние“, вели Гасперини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА