Гасперини: Рома ќе имаше повеќе бодови ако Мален дојдеше порано

Тренерот на Рома , Џан Пјеро Гасперини, е категоричен дека неговиот тим можеше да има повеќе бодови во моментов доколку Дониел Мален беше пристигнал на Олимпико порано. Тренерот на „римските волци“ го изјави ова по нерешениот резултат 2:2 во 25-то коло од италијанската Серија А , во кој Мален ги постигна двата гола за тимот од главниот град.

Јануарскиот преоден рок сигурно ги промени опциите за Рома , со Мален кој постигна два гола синоќа, еден од нив по асистенција од Брајан Сарагоса, кој го имаше својот прв старт за клубот. Отсутни за натпреварот беа Пауло Дибала, Ману Коне, Артјом Довбик, Еван Фергусон и Стефан Ел Шарави, додека Матијас Соул и Марио Ермосо не беше целосно закрепнат.

„Мален не е нашиот изведувач на пенали, но го гледав на тренинг, добро ги изведуваше. Затоа одлучив тој да шутира против голман кој одлично брани пенали. Но тој погоди“, вели Гасперини.

„Имавме позитивен став во текот на целата сезона и затоа сме четврти на табелата. Не се плашам да кажам дека ако го имавме Мален во првата половина од сезоната, сега ќе имавме неколку бодови повеќе, но нашиот целокупен пристап отсекогаш бил ист. Бевме многу блиску до добри резултати против големите тимови и во многу од нив се сопнавме на крајот“, рече Гасперини.

Се вчитува...