Наполи утре ќе ја пречека Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, дуел на кој каталонскиот гигант на „хартија“ е фаворит, но „наполитанците“ ќе сторат се што е во нивна моќ за да го земат скалпот на „Меси и компанија“.
Џенаро Гатузо упати бројни комплименти на адреса на каталонскиот гигант, напоменувајќи дека Наполи сепак има потенцијал да приреди изненадување на оваа средба.
„Знаеме дека играме против врвен ривал, мое мислење е дека Барса е „тим на марсовци“, играчи од највисока класа. Гостите се ослабени поради неиграњето на неколку првотимци, но тоа не го менува фактот дека се тим од кремот на Европа. Барса има извонредна фудбалска филозофија на која и се восхитувам. Ова е тим што освоил се што може да се освои, но фудбалот е убава игра токму поради фактот дека секој може да победи секого. Ние сме подготвени за битка, а ќе треба максимално да ги користиме шансите што ќе ни се укажат“, истакна Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

